СОБИР НА ГРАЃАНИ во с.Кнежино во сабота(22.04.2023 година) во 17.00 часот

Советот на Месната заедница с.Кнежино свикува собир на граѓани од с.Кнежино во сабота на ден 22.04.2023 година со почеток во 17.00 часот во ДОМ ШЕНДЕВСКИ.

На собирот каде ќе се дискутира за суштински актуелни теми се повикуваат да земат свое што помасовно учество ,жителите и мештаните од с.Кнежино, граѓаните по потекло од с.Кнежино и жителите на викенд населбата.

Присуството на по најмалку еден полнолетен член од секоја фамилија Е ЗАДОЛЖИТЕЛНО.

Поединечни покани,освен во исклучителни случаи,нема да се испраќаат.

Со почит,

Совет на М.З. с.Кнежино.

Сабота 22.04.2023 година во 17.00 часот во Дом ШЕНДЕВСКИ.

Присуството Е ЗАДОЛЖИТЕЛНО!


© Кнежино.мк - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.