Целосна забрана за движење низ шуми во периодот 01-ви јули до 31-ви август

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ја известува јавноста дека согласно насоките од Владата како и барањата од корисниците на шумите – ЈП „Национални шуми“ и Националните паркови кои управуваат со заштитените подрачја, даде согласност за воведување на целосна забрана за движење во шумите и шумското земјиште. Согласност се издава согласно членот 57, став 3 од Законот за шумите, поради зголемена опасност и превенирање од појава на шумски пожари на отворен простор, информира денеска ресорното Министерство.

За непочитување на забраната, на физички лица кои ќе се затекнати да се движат во шума и шумско земјиште, ќе им биде изречена глоба од 1.500 до 2.000 евра во денарска противредност

Во периодот од 1-ви јули до 31-ви август движењето во шумите и шумските подрачја ќе биде дозволено единствено со писмено одобрение издадено од страна на подружниците на ЈП „Национални шуми“ и Националните паркови, соодветно за подрачјето со кое управуваат.


© Кнежино.мк - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.