Опомена од природата

Резервоарот за вода од 100 m3 испразнет уште во саботата во 19.00 часот. Ви честитаме на таквиот успех остварен со натчовечки напори.

Повторно да не ги почитувате препораките и соопштенијата на Советот на Месната заедница с.Кнежино за штедење и рационално користење на водата во овој летен критичен период кога температурите се +40.

Вам и изворот на Студенчица да ви се стави на располагање ќе го пресушите.

Повторно вие од викенд населбата во овој период да ги миете теписите и автомобилите и не заборавете следниот пат да ги земете теписите и автомобилите од вашите комшии.

Исто така безмилосно и за време на викенд кога е строго забрането поливајте ги дворовите и трошете ги ненаменски ограничените ресурси.

Вие селаните и жителите за време на викендот не заборавајте да ги навадите бавчите,градините,арониите и особено ливадите за пчелите секогаш да имаат свежа вода на располагање,а луѓето нека трпат и нека цркнат ако треба.

Дополнително оставете и по некоја чешма отворена и водата нека тече постојано за впечатокот да биде комплетен.

Поздрав до следниот пат со име и со презиме.

До следната селска конференција.

Без почит,
Совет на МЗ с.Кнежино


Од денес е ставен во функција помошниот резервоар од 60м³.

Состојба на главниот резервоар денеска во 11:00ч.


© Кнежино.мк - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.