По подолг временски период екипи на ЈПКД “Комуналец” од Кичево,почнувајќи од оваа недела,ќе спроведат системска акција за чистење од дива вегетација и тековно одржување на локалниот пат од Кичево до с.Кнежино,се со цел побезбедно одвивање на собраќајот на оваа фреквентна патна делница за сите учесници во сообаќајот,како и за бројните рекреативци од нашиот град и пошироко.
Истовремено,според зборовите на директорот на јавното комунално претпријатие,Зендел Јонузи,во рамките на кампањата која се одвива на општинско ниво,ќе биде спроведена и акција за чистење на повеќето мини-диви депонии по должината на оваа патна делница и за подигање на депонираниот градежен шут и отпад од страна на несовесните граѓани,се со цел за зачувување и унапредување на животната средина во омиленото природно катче за Кичевчани.
Советот на МЗ с.Кнежино за покажаното разбирање, промптната реакција на нашите барања и излегувањето во пресрет со реализацијата на ваквата акција,изразува посебна благодарност до надлежните служби при Општина Кичево и до градоначалникот Фатмир Дехари,до директорот на ЈПКД”Комуналец”Кичево Зендел Јонузи,како и до вработените во ова јавно претпријатие кои ќе ги изведуваат зацртаните работи и активности на терен.