КНЕЖИНО ДОБИ НОВ ЛИК [ФОТО + ВИДЕО]

Заврши најголемиот инфраструктурен проект во с.Кнежино за регулирање и уредување на најголемиот дел селски улици . За временски период од месец и половина,поточно од 11.10 до 28.11.2020 година , во селото се поставија околу 1100 m2 бекатон коцки и пристапните патеки и улици драстично се изменија и добија нов современ лик.

Со оваа инвестиција трајно се реши пристапот до селската црква “Св.Димитрија” и до селските гробишта,а исто така се овозможи и кружно движење низ селото.

Советот на МЗ с.Кнежино од свое и од име на селаните, за реализацијата на овој проект уште еднаш изразува голема благодарност до инвеститорот општина Кичево на чело со градоначалникот г-дин Фатмир Дехари и до изведувачот Фирма ЛИНДИ и подизведувачот УСКАНА ПАРК.

ПРОДОЛЖУВАМЕ…


© Кнежино.мк - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.