Градежната офанзива во с.Кнежино не застанува,туку се интензивира. Благодарение на напорите на новиот Совет на Месната заедница с.Кнежино, денес отпочна со реализација најголемиот и најзначаен патен инфраструктурен проект во поново време,со кој нашето село ќе добие сосема нов и современ лик.
Во наредниот период ќе се работи на регулирање на селските улици и патеки кои се во лоша состојба и кои водат до центарот на селото , црквата “Св.Димитрија” и селските гробишта, со поставување на бекатон коцки,а исто така со тоа конечно ќе се овозжожи и непречена сообраќајна комуникација (пеш и со возила) помеѓу горниот и долниот крај на селото, кое нешто е од огромна важност за нашата локална заедница.
Инвеститор на овој проект кој е од огромно значење за с.Кнежино е Општина Кичево,а изведувач на работите е реномираната и надалеку позната градежна компанија Фирма “ЛИНДИ” од Kичево која е неприкосновен лидер во оваа дејност.
Советот на МЗ с.Кнежино од свое лично име и од името на мештаните и жителите на локалната заедница изразува голема благодарност за разбирањето и поддршката,како и за овозможувањето на реализацијата на овој проект , до градоначалникот на Општина Кичево г-дин Фатмир Дехари.
Продожуваме и понатаму посветено и уште помотивирано да работиме на подобрување на условите во нашата месна самоуправа.
Да го направиме КНЕЖИНО место со кое навистина ЌЕ СЕ ГОРДЕЕМЕ!
Во наредниот период Вашиот портал knezino.mk редовно и навремено ќе Ве информира за текот и динамиката на работите на терен.
Ви благодариме на довербата.
Следете не…