КНЕЖИНСКИ НЕПОКОР [1] ПЕРО Митов ПЕТРЕСКИ

Роден е во 1917 година во с.Кнежино. Бидејќи потекнувал од селско сиромашно семејство,бил принуден да оди на печалба во Белград каде учел трговско училиште. По окупацијата се вратил во своето родно село каде започнала неговата активност во Народно ослободителното движење.

Исто така бил активен член на Народно ослободителниот одмор.

Поради партиската активност во април 1944 година бил затворен во Кичево и по тешки малтретирања бил ослободен.Продолжил активно да работи, но во текот на месец септември 1944 година бил убиен од страна на балистите под селото.

Во негов спомен Основното четиригодишно училиште во с.Кнежино, во периодот по ослободувањето ,односно од 1945 година се до 1970 година кога престанало со работа,функционира и работи под неговото име.

За овој временски период во училиштето „ПЕРО М.ПЕТРЕСКИ“ се школувани и образувани повеќе генерации Кнежинчани и истото е нераскинливо врежано во нивната колективната меморија.


© Кнежино.мк - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.