Нов проект – улица “Пилаоска” [ФОТО + ВИДЕО]

Започнаа подготовките за финално регулирање на уште една селска улица во с.Кнежино ,улица “Пилаоска” ,која претставува важна комуникациона врска во нашето село,со два краци во должина од околу 200 m. Денес се заврши транспортот и истоварот на бекатон коцките,а во наредниот период ќе биде транспортиран и преостанатиот потребен градежен материјал,со цел што поскоро почнување со градежните активности ,изведба на улицата според современите стандарди и конечно и трајно решавање на проблемот кој го имаа селаните со отежнатиот пристап до нивните домови.

Продолжуваме…


© Кнежино.мк - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.