Втор меморијален марш во чест на Сашо Божиноски(ФОТО)

Меморијал

ВО ЧЕСТ НА САШО БОЖИНОСКИ

” Овде сме во оваа Одаја на вечноста со цел да потврдиме дека ликот и делото на нашиот Сашо трајно ќе останат во колективната меморија на членовите,не само од неговото и наше Планинарско- спелелошко друштво “Бистра”,на чие чело беше се’ до оној кобен 8 декември 2020 година, денот кога престана да чука неговото срце ,кое чукаше и за македонските планини и пештери ,туку и во меморијата на голем број планинари од земјава, бидејќи и да нема место во оваа наша Македониија каде што не стапнале неговите нозе…”
Ова меѓу другото беше речено на денешниот Втор меморијален марш,посветен на долгогодишниот претседател на Планинарско-спелеолошкото друштвото “Бистра” од Кичево, Сашо Божиновски,на кој зедоа учество петнаесеттина планинари.
Нивната маршрута беше Кичево-Крушино – Спомен плоча Кадроец, во непосредна близина на Манастирот “Свети Ѓорѓија”, село Кнежино.
На денешниот меморијал покрај изразената почит кон Божиноски, кој за навек ќе остане забележан како еден од возобновителите на планинарењето и еден од пионерите на спелеологијата на овие, кичевски, простори, беше договорено да бидат преземени активности за уредување на просторот каде што минатата година беше поставена Спомен плочата и се организира првиот Меморијален марш.
Покрај тоа беше потврдено дека и во наредните години Меморијалот во чест на Сашо Божиновски ќе се организира последниот ден (недела) од месецот Мај.

Извор:Моите Страници


© Кнежино.мк - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.