Поставени сончеви рефлектори на селската чешма [ФОТО]

с.Кнежино,11.08.2020 година

Со цел подобрување на осветлувањето во селото,деновиве на спомен селската чешма во с.Кнежино беа поставени два современи сончеви рефлектори.

Горенаведеното се направи бидејќи во моментов не постоеше друга техничка можност за оспособување на постоечките две сијалици,кои претходно беа поврзани на уличното осветлување, но поради нивна дотраеност и изгорен електричен кабел не беше можно нивна поправка.

Советот на МЗ с.Кнежино и во наредниов период ќе презема мерки и активности за подобрување на условите на територијата на целата локална заедница.


© Кнежино.мк - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.