Пожар на селската депонија во с.Кнежино [ФОТО]

Денеска во попладневните часови на дивата селска депонија во с.Кнежино,која во повеќе наврати досега беше чистена,избувна пожар.

Поради ветровитото време постоеше опасност пожарот од селскиот дол да се прошири кон селото. Благовремено на правовремената дојава од селаните и брзата,професионална и ефикасна интервенција на противпожарната бригада при ТППЕ Кичево,истиот навреме беше ставен под контролам и изгаснат,не предизвикувајќи штета.

Овој настан нека биде опомена во претстојната пролетна и летна сезона за одговорно и внимателно однесување од страна на сите поединци.

Советот на МЗ с.Кнежино изразува благодарност до противпожарната бригада и ТППЕ Кичево за брзата,професионална и навремена интервенција.


© Кнежино.мк - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.