24.04. лето Господово 2022
Манастир” Св.Георгиј Победоносец” с.Кнежино
Торжествено и весело,баш како во најдобрите времиња, беше денеска во манастирот”Св.Георгиј Победоносец” во с.Кнежино за одбележувањето на прв ден Велигден.
Река од народ дојдоа во нашето духовно светилиште за да го одбележат најголемиот христијански празник.
Во оваа прилика посебна чест и задоволство ни направија нашите браќа и први комшии од с.Осој,кои придонесоа повторно да се почувствува духот и атмосферата на некогашните празнувања и незаборавни другарувања.
ХРИСТОС ВОСКРЕСЕ!
НАВИСТИНА ВОСКРЕСЕ!
За многу години…