Денес во дворот на селската црква “Св.Димитрија” се спроведе работна акција за чистење и средување на дворот на црквата и селските гробишта,како и за пренесување на градежниот материјал.И покрај лошото и дождливо време акцијата имаше задоволителен одзив кај месното население при што и во вакви отежнителни временски услови беше завршен и исполнет добар дел од планираните задачи.