Акција за пошумување на заштитниот појас околу автопатот во изградба Кичево-Охрид [ФОТО]

За три работни дена вработени во ЈП”Македонски шуми”Подружница ШС”Лопушник”од Кичево се очекува на локацијата кај месноста “Крушино” да засадат околу 2650 садници од багрем.

По извршената координација на надлежните фактори за изградба на автопатот А2 Кичево-Охрид,вчера и денес започна акција за пошумување на заштитниот појас и околината на автопатот,во делот каде повеќе нема да има градежни работи.Пошумувањето започна на првата делница од автопатот,т.е.на локација кај месноста “Крушино” каде штетите по животната средина поради изградбата се најизразени.Акцијата за пошумување е предвидено да се одвива во повеќе фази.Истата продолжува и утре,а наредено пошумување, согласно климатските услови,е предвидено за наесен.


© Кнежино.мк - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.