Кичево,20.07.2020 година

Со првата прозивка и тренинг на Градскиот стадион во Кичево, стартуваа подготовките на новиот член на Првата машка ракометна лига,Ракометниот клуб “Кичево 2020” од нашиот град.
На играчите,стручниот штаб и амбициозното раководство им посакуваме успех во премиерната ракометна сезона 2020/2021 и веруваме дека достојно ќе ги репрезентираат Кичевската ракометна школа и традиција,сето тоа на задоволство на нашата бројна ракометна публика.
Под раководство на Дејан Михајлоски подготовките ќе продолжат на отворено во СРЦ”Крушино” се до очекуваното враќање на тренерот Заре Танески,кој е оправдано отсутен.