Деновиве од страна на Советот на МЗ с.Кнежино беа изведени завршните работи на патоказот кој е поставен пред влезот на с.Кнежино,на м.в.”Блато”.
Со овој патоказ кој ги означува најзначајните локалитети во овој поширок регион и со претходно поставената информативна табла влезот во нашето село навистина добива нов и поинаков лик.
Советот на МЗ с.Кнежино изразува благодарност до нашите партнери и соработници – компаниите “Тим инжинеринг” од Кичево и графичкото студио “Микроком” од Кичево кои го изработија патоказот.
Графичкото решение на патоказот е дизајнирано и осмислено од страна на администраторот на нашиот портал www.knezino.mk, Васе Апостолоски.