с.Кнежино,10.09.2020 година
Денес стручна екипа на ЈПКД „Комуналец“ од Кичево,изврши поврзување на реконструираниот резервоар за вода со постојниот цевковод кој е дел од водоводниот систем во с.Кнежино.
На овој начин на корисниците од селскиот водовод ќе бидат на располагање уште дополнителни 60 м3 вода колку што е вкупниот капацитет на реконструираниот резервоар и заедно со главниот селски резервоар кој има капацитет од 100 м3,корисниците ќе имаат на располагање количина од околу 160 м3 вода.
Со денешниот зафат се крунисаа напорите на новиот Совет на МЗ с.Кнежино за ставање во функција на стариот селски резервоар изграден во текот на 1996 година,кој беше во руинирана состојба поради што во текот на минатата година беше темелно реконструиран ,а со што ќе се придонесе за подобрување на состојбата со водоснабдувањето во нашето село и ублажување на состојбата со водоснабдувањето во кризниот летен период.
Во наредниот период ќе биде извршено тестирање и прилагодување на водоводниот систем заради негова оптимизација, поради што се можни повремени проблеми со водоснабдувањето,а заради што ги замолуваме корисниците да имаат разбирање.
Советот на МЗ с.Кнежино ја користи и оваа прилика,уште еднаш да апелира до мештаните за навремено и уредно измирување на обврската на име годишен паушал која е во симболичен износ,доколку сакаат да имаат подобри услуги и подобро водоснабдување во локалната заедница.
Најпосле согласно начелото на транспарентност во нашето работење, во продолжение ќе имате можност за увид во вкупните трошоци за реализација на овој капитален проект.
Проект за реконструкција и надзор: ХИДРИНГ Кичево (Хидроинженер Шасим Османи);
Изведувач на градежните работи за рекострукција:Градежна фирма АР-БА Универзал изградба од с.Лисичани.
Цена на изведба и на чинење на градежниот дел: 1.500,00 евра.
Цена на изведба и на чинење на поврзувањето на резервоарот со цевководот,како и делумна реконструкција на дотраената водоводна инсталација во и околу резервоарот: 600,00 евра.
Вкупно: 2.100,00 евра.