Во сабота 30.04.2022 година со почеток во 09.00 часот ја отпочнуваме наредната фаза од Проектот за подобрување на водоснабдувањето во с.Кнежино.
Планирано е со теренски возила со приколки и со рачни колички да се изврши префрлање на преостанатиот потребен градежен материјал, кој е неопходен за спроведување на планираните активности, најпрво до м.в.”Конопишта”,а потоа и до каптажата на м.в.”Гаваз”.
Зборно место е во 09.00 часот пред домот Пилаоски.
Повикуваме на што помасовно присуство,а за оваа акција ќе бидат доставени и писмени поединечни покани.
За секое неоправдано отсуство во иднина ќе се наплатува паушал во износ од по 700 денари.