10.04.2022 година (недела) во 10:00 часот црква “Св.Димитрија” с.Кнежино
Советот на на М.З с.Кнежино и црковниот одбор повикуваат на масовно учество на работната акција за чистење и уредување на дворот на црквата св.Димитрија и на селските гробишта во с.Кнежино, закажана за ден недела 10.04.2022 година со почеток во 10:00 часот
Задолжитено е присуството на по најмалу еден возрасен член од секоја фамилија, а во меѓувреме ќе се доставуваат и поединечни покани.
Во случај на неоправдано отсуство и недоаѓање на работната акција од одсутните лица ќе се наплаќа паушал во износ од 700 денари.
Учесниците во акцијата со себе да носат соодветен алат како моторни пили,секири,сорови и друг земјоделски алат и опрема.