Ракометарите на нашиот прволигаш ги запалија моторите во пресрет на првенството
Под будното око на тренерот Дејан Михајлоски денес беше извршена прозивка и стартуваа подготовките на РК “Kичево” за настап во првата ракометна лига.
Подготовките оваа недела ќе се одвиваат на Градскиот стадион во Кичево.
Од понеделник екипата се сели во Спортско-рекреативниот центар “Крушино” каде ќе се спроведат висинските подготовки во траење од 10 дена и ќе се темпира формата во пресрет на ждрепката и почетокот на првенството.
Се очекува екипата да биде во комплетен состав од понеделник заедно со новите засилувања,а на првата прозивка се јавија само две нови засилувања и тоа десен бек Мојсеј Тасески и лев бек Чеде Јованоски.
Според зборовите на стручниот штаб цел за годинава ќе биде борба за пласман во плеј-офот,на задоволство на пробирливата кичевска ракометна публика.
Момци среќно !!!