Компанијата “АТВА” од Кичево повторно во служба на локалната заедница [ФОТО + ВИДЕО]

с.Кнежино,05.07.2020 година

Реномираната компанија “АТВА” од Кичево во чии рамки функционираат брендовите”АТВА маркети”,”DIO маркети” и “АТВА Home center”,деновите овозможи успешно завршување на уште еден проект во корист на локалната заедница од с.Кнежино,со што уште еднаш докажа дека покрај најуспешна,е и општествено одговорна компанија во Кичево и лидер во регионот во тој поглед,а чиј што пример треба да го следат и останатите претпријатија.

Денес со комплетна донација од оваа компанија се изврши монтажа на 10 (десет) соларни улични светилки на потегот од манастирот “Св.Георгиј Победоносец” до влезот во викенд населбата Кнежино ,со што овој потег и оваа раскрсница добија навистина ново и современо осветлување во вечерните часови.

Советот на МЗ с.Кнежино за ваквата донација,која се реализираше бидејќи моментално немаше друга техничка можност за улично осветлување,во оваа прилика изразува посебна благодарност до сопствениците и менаџментот на компанијата “АТВА” од Кичево и до фирмата “НУР Електрик” на Рашид Халимоски од Кичево која ја изврши монтажата.


© Кнежино.мк - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.