с.Кнежино,08.07.2020 година
Денес беше отстранет еден од дефектите на селскиот водовод и тоа на м.в.”Јаорче” на водоводното црево Fi 63 преку која водоводна линија со вода се снабдува и манастирот “Св.Ѓорѓија” во с.Кнежино.
На истата локација и водоводна линија претходно беше отстранет друг дефект на 28.04.2020 година и тоа само неколку метри подолу.
Следниот новопојавен дефект кој под итно ќе биде саниран е на почетокот на викенд населбата.
Зачестените дефекти на водоводната мрежа се сигнал за нејзината амортизираност ,а во извесен степен и дотраеност,како и дека селаните и жителите на викенд населбата треба редовно и навремено да си ги исполнуваат обврските кон Месната заедница за наплата на годишниот паушал кој е во симболичен износ и ни оддалеку не ги покрива потребите за инвестирање во водоводниот систем